Димитров за ТВ 24: Државата треба да вложи сопствени сретства за да изгради сопствени капацитети за производство на струја

Универзитетскиот професор Константин Димитров во емисијата 24 анализа рече дека никој не е против изградба на енергетски објекти, туку со години зборувале дека државата треба да вложи сопствени сретства за да изгради сопствени капацитети за да се задоволат потребите на граѓаните.

- Има формирано државна организација со единствена задача, да обезбеди доволна количина еструја со сосдветен квалитет и со најниска можна цена и затоа е формирана оваа компанија со парите од владата кои ги собира од граѓаните и стопанските организации да им служи за нивните потреби. Ние тоа го очекуваме надеж за добро работење, квалитетна работа, да се произведе поголема количина на транформирана електрична енергија и да биде со една прифатлива цена. За нас, сето она што се промовира како голем успех кога ќе донесеме стратегиски партнери, кога некој странец или приватен човек гради сопствен енергетски капацитет и произведува струја, тоа не е наше. Ние го плаќаме со берзанска цена. Тие ги завземаат најпогодни локации за обвновливите извори на енергија. - рече Димитров.