Димитров за тв 24: Договорите за работа на определно работно време се користеа за полесен отказ
Foto

Димитров за тв 24: Договорите за работа на определно работно време се користеа за полесен отказ

Ангел Димитров од Организација на работодавачи во емисијата 24 Отворено вели дека се согласува со скратувањето на договорите за работа на определено време. Во Македонија 5 години да се држи работник со таков договор е нелогичен и се правдало дека постапката за отказ е многу сложена и една формална постапка и ако згреши работникот, судот го враќал на работа.

„Договор за работа на определено време се склучува за работи кои траат кратко време за одреден период каде има зголемена обемна работа, а не за полесно да се отпушти работникот. Таквите договори се користеа за полесен отказ и тоа се случуваше во време на пандемијата. Правото на работодавачот да не го продолжува тој договор е гарантирано и си има судски постапки каде тоа не се смета за отказ.“ - вели Димитров.

Вели дека договорот на определено време треба да се скрати и потоа да се трансформира во неопределено работно време и смета дека не може сите работници во фабрика да бидат на определено работно време и да има одреден процент. Смета дека договорот е пола закон и нема потреба од отказни рокови во договорот.

0 Коментари

Остави коментари