Димитров во Отворено: Економскиот раст може да биде причина за инфлација
Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи во 24 анализа рече дека за држави како нашата нормално е владата да се обидува да го зголеми економскиот раст.
Според него, тоа може да биде причина за инфлација.
„Не би рекол дека е причина за загриженост 3,3% инфлација нормално е за држави како нашата секоја влада да се обидува да го зголеми економскиот раст и тоа може да биде причина за инфлација. Ако таа инфлација е контролирана може да е добра за развојот. Без инвестиции немате развој“, рече Димитров.
Тој објасни и дека зголемувањето на цените кај трговците е поради тоа што за одредени производи има зголемена побарувачка.
„Трговците користат одредена положба краткорочно, ако видат дека има зголемена побарувачка, тоа го користат за зголемување на цените. Законот за фер конкуренција се надевам дека ќе живее бидејќи го контролира инстититуција која нема капациети“, додаде Димитров.