Димитров во Берлин на разговори за првата меѓувладина конференција
На покана на државниот министер за Европа на Германија, Михаел Рот, заменик претседателот на владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров од денеска престојува во дводневна работна посета на Берлин.
Ова е прва посета на претставник на владата на Македонија по нејзиното формирање, а воедно и прва за време на германското претседавање со советот на ЕУ.
Германија како актуелен претседавач со Унијата го води процесот на усогласување на преговарачката рамка, клучниот документ согласно кој ќе се водат преговорите.
Главниот акцент при разговорите ќе биде ставен на реализација на веќе утврдената заедничка цел на Македонија и Германија - одржувањето на првата меѓувладина конференција со ЕУ до крајот на годинава.