Димитров утре во посета на Виена
Foto

Димитров утре во посета на Виена

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, утре ќе престојува во работна посета на Виена во рамки на која предвидено е дае има средби со Каролине Едштадлер, министерка за Европа и Устав и со министерот за надворешни работи на Австрија, Александер Шаленберг.

Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, посетата е дел од турнејата на вицепремиерот Димитров на главни градови на ЕУ – земји членки, а во контекст на изразените австриски заложби за интензивирање на процесот на проширување на ЕУ со државите од Западен Балкан, како и ангажманот на Австрија во справувањето со КОВИД-19 пандемијата и обезбедувањето помош врз основа на принципот на солидарност.

Поконкретно, се наведува, Димитров ќе се осврне на реформските чекори и цврстата посветеност на Северна Македонија во надминувањето на предизвиците и исполнувањето на европската агенда, а главниот акцент ќе биде ставен на изгледите за постигнување поголема кредибилност и остварливост на европската перспектива и нејзино конкретизирање преку одржување на првата меѓувладина конференција со ЕУ.

На средбите ќе се отворат и темите повразни со билатералната соработка со Австрија како наш посветен поддржувач, која вклучува конкретна помош за спроведување на реформите во клучните области од процесот на европска интеграција, како и конкретни хуманитарни, инфраструктурни и инвестициски проекти, стои во соопштението.

0 Коментари

Остави коментари