Димитров од Чешка: Добивме ветер во грб за сработеното
Foto

Димитров од Чешка: Добивме ветер во грб за сработеното

Ќе донесе ли новиот извештај на Европската Комисија позитивни сигнали за отпочнување на преговори. Откако еврокомесарот Вархеи ја презентираше методологијата на министрите за европски работи , скоро сите процедури во Брисел се завршени.

Март пак засега лебди во воздух како месец во кој конечно Европскиот Совет може да ја отвори вратата за Македонија. Сепак се очекува тешка дискусија меѓу лидерите на земјите на 26 и 27 март.

Петричек повторувајки ја поддршката од страна на Вишеградската четворка, покрај официјален Париз, ги посочи Холандија и Данска како земји членки кои исто така може да бидат голем проблем на претстојниот Совет.

Од друга стрна пак Димтров очекува поддршката од Чешка, но и од останатите земји- поддржувачи како ветер во грб, да ја однесе земјата до преговори со ЕУ.

Во меѓувреме, после 10тина позитивни извештаи на Европската Комисија за напредокот на земјата, на ред е да се објави новиот апдејтиран извештај како последен услов на Франција за датум.

Евроамбасадорот Жбогар денеска порача - се додека не се објави истиот да не се креваат очекувањата.

„ЕК беше задолжена и да изготви абдејтирање на извештаи што се однесуваат на статусот на реформите што ќе бидат спроведени од страна на двете земји, кои чекаат отворање преговори со ЕУ. Мислам дека и двата документи веќе се на маса на земјите членки на ЕУ и штом ќе ги разгледаат очекуваме да донесат одлука во врска со тоа.“ - Самуел Жбогар Евроамбасадор во МК.

Иако вчера сите земји членки на Унијата ја поддржаа новата методологија, сепак по презентирањето на истата, првата реакција стигна од холандскиот министер Стеф Блок. Тој по состанокот изјави дека се уште нема зелено светло за Македонија и Албанија. Според него Скопје ги има исполнето условите за старт на преговорите, но не и Тирана.

0 Коментари

Остави коментари