Димитров од Атина: Со Договорот од Преспа ѝ покажавме на Европа дека можеме да решаваме проблеми

Не бев задоволен и среќен да живеам во регион кој во Европа и светот е познат како регион на премногу проблеми, а премалку решенија. Затоа мислам дека е важно да и се покаже на Европа дека можеме да решаваме проблеми, а тоа го сторивме со Договорот од Преспа, порача на панел дискусија на меѓунардоната конференција за мир и одржлив развој екс министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Димитров се осврна на тоа како Договорот од Преспа ќе се третира во Македонија и Грција кога на власт се партии кои биле против тој договор, оценувајќи дека власта во доаѓање во Македонија на почетокот ќе ја обвинува претходната влада за Договорот но ќе кажат дека се одговорни лидери и дека ќе го почитуваат договорот.