Димитров: Не се откажуваме ни од македонскиот идентитет, ни од европската иднина

Прашањето на јазикот и идентитетот е резултат на еден историски процес и ние не можеме за тоа ниту да разговараме ниту да преговараме. Напорите уште продолжуваат. Меѓутоа, ние немаме намера да дигнеме раце и да се откажеме од нашата европска иднина, ниту пак имаме намера да го допреме, или да дозволиме да биде допрен македонскиот идентитет. Тие две работи се комплементарни и ќе продолжиме да работиме на тој пат, вели вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров во интервју за н1 за блокадата на Бугарија за почеток на преговорите со ЕУ.