Димитров: Не е пристојно да се предизвикува соседот за прашања кои се многу внатрешни и интимни, како што е јазикот.
Foto

Димитров: Не е пристојно да се предизвикува соседот за прашања кои се многу внатрешни и интимни, како што е јазикот.

Ниту една европска земја одделно не е доволно силна за справување со современите предизвици, единствениот начин е европскиот проект за обединување на континентот што без овој регион - Западниот Балкан, секогаш ќе биде нецелосен и недовршен, ова денеска го истакна вицепремиерот Никола Димитров на регионалната конференција „Обновен наратив за забрзана интеграција во ЕУ”.

Димитров се осврна на заложбите на Македонија за интеграција во Европската Унија, како и за вложениот политички капитал на основа на европското ветување.

- Северна Македонија е приказна на надеж за овој проект, така што нашиот (не)успех е (не)успех и за ЕУ, ако ЕУ е сила што влече за добро. Одговоривме на многу стриктни услови, време е да добиеме праведна валидација, ако ЕУ е заедница на вредности, рече Димитров.

Според Димитров европскиот проект се темели на градење заеднички европски идентитет, тој исткна дека не е пристојно да се предизвикува соседот за прашања кои се многу внатрешни и интимни, како што е јазикот. Пораки дека европскиот проект мора да испорача успех преку македонското, европско досие, денеска пратија и европратеникот Илхан Ќучук и првиот човек на балканските либерали Роман Јакич.

Словенечкиот министер за економски развој и технологија пак Здравко Почивалшек кажа дека Македонија има безрезервна поддршка од Словенија за добивање на датум за преговори.

- На самиот на ЕУ кој се одржа во Брдо успеавме проширувањето на ЕУ да влезе во Декларација. Словенечките барања беа да се внесат и конкретни датуми. Ќе направиме се, уште во текот на словенечкото претседателство да се решат проблемите, но се надеваме дека ќе најдете решение со соседите. Словенија безрезервно ја поддржува Република Северна Македонија за почеток на преговори со ЕУ, - - изјави Здравко Почивалшек- словенечкиот вицепремиер и министер.

Се уште виси започнувањето на преговори Македонија - ЕУ, особено што бугарската Влада нема назнаки дека ќе биде формирана пред Советот, на 14 декември, но и повторувањето на црвените линии од страна на клучните политички фигури во оваа земја, се причина плус за повторнување на процесот.

0 Коментари

Остави коментари