Димитров: Македонија може да биде тројански коњ на Москва
На плоштадот „Македонија“ во скопје има десетина споменици поврзани со бугарската историја, а нема плоча со појаснување како што има на споменикот воин на коњ, пишува во колумна објавена на БГНЕС, Ангел Димитров, копретседател на заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања на Бугарија и Македонија.
„Нема милост за Георги (Гоце) Делчев и Дамјан (Даме) Груев, кои во костуми се качени на коњи кои никогаш не ги јавале. Во Скопје ја имаат, ретко кој знае зошто, и Триумфалната капија, која всушност е споменик на иредентизмот, бидејќи преку неа денешната република се поистоветува со целата географска територија на Македонија“, пишува Димитров.
Според него, во Скопје упорно тврдат дека Бугарија им ја тресна вратата на ЕУ.
„Но, тамошните политичари всушност самите го кријат европскиот клуч од своите граѓани, и од самите себе, вели Димитров.