Димитров е првиот финалист на последниот АТП мастерс 1000 турнир во Париз

Григор Димитров е првиот финалист на последниот АТП мастерс 1000 турнир сезонава. Бугарскиот тенисер во балканското полуфинале славеше против Гркот Стефанос Циципас со 2-1.

Димитров поведе со 6-3 по првиот сет, а откако Циципас изедначи на 1-1 во вториот добивајќи го со 7-6, повторно пресуди тај-брејк, овој пат во корист на Димитров со 7-6.

Во големото финале Димитров ќе се сретне со подобриот од средбата помеѓу Новак Ѓоковиќ и Александар Рубљов.