Димитријевиќ и Валенсија спогодбено ја прекинаа соработката

Ненад Димитријевиќ зад себе остава неверојатна сезона во која беше избран за МВП во клучниот дел од сезоната во Русија, во која успеа да дојде и до титулата во ВТБ лигата.

 

Нено е македонскиот кошаркар кој игра во најдобра форма и партиите за Уникс Казањ го потврдија таквиот статус, но сепак тоа не беше доволно добра препорака за клубот за чиј член важи од 2021-ва година.

 
 

Димитријевиќ ја мина оваа сезона на позајмица во Русија, но Валенсија денеска извести дека се договориле за превремен раскин на договорот со Македонецот, што значи дека плејмејкерот од денеска е слободен агент.