Димитриевски за ТВ 24: Преговараме со ВМРО-ДПМНЕ за поддршка на наш кандидат за градоначалник во Центар и на повеќе други места
Претседателот на ЗНАМ и градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, во интервју за Аргумент плус изјави дека преговара со ВМРО-ДПМНЕ за поддршка на нивен кандидат за градоначалник на скопската општина Центар на претстојните локални избори како и за поддршка на повеќе нивни предлог градоначалници во неколку градови во државава.
Тој истакна дека во трката за советничките листи, неговата партија ќе трча самостојно, информирајќи дека ЗНАМ по локалните избори ќе прераснел во многу посилен политички фактор од сега, базирајќи го ова на партиските сондажи за јавното мислење.
За себе вели не донесол сеуште одлука дали и по трет пат ќе се кандидира за градоначалник на Куманово или каде би бил понатаму ако не во градоначалничката фотеља, признавајќи сепак дека тој лично со неговиот тим можеле да направат повеќе за градот, изјави Димитриевски во интервју за Аргумент плус.