Димитриевски за тв 24: Починаа две лица од Куманово од кои еден полицаец

Двајца кумановци од кои еден полицаец починаа вечерва од коронавирус, потврди за тв 24 во телефонски разговор градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски.

Димитриевски вели дека информациите ги добил од Центарот за јавно здравје. Тој повторува дека локалната власт подолг период бара рестриктивни мерки за Куманово, но дека централната не ги послушала нивните апели.