Димитриевски за тв 24: Не го обвинив МВР, ја обвинив узурпацијата на системот
Foto

Димитриевски за тв 24: Не го обвинив МВР, ја обвинив узурпацијата на системот

Максим Димитриевски независен кандидат во емисијата 24 анализа во врска со инцидентот со МВР кога неговото возило принудно беше сопрено и однесено на технички преглед заради темните стакла, а неговиот возач беше казнет со 250 евра.

- Не го обвинив МВР, ја обвинив узурпацијата на системот, нешто кое требаше да биде минато во Македонија, бидејќи потрошивме многу време на улица, за да го спречиме тоа. А сега во Куманово повулгаро се случува тоа и е недозволиво такво инволвирање на полицијата во изборниот процес и злоупотреба на позиции на многу полициски службеници. Голем дел од нив директно ангажирани во шестата управа, некои во личното обезбедување на министерот, директно да учествуваат во монтирање на еден изборен процес. - рече Димитриевски.

0 Коментари

Остави коментари