Димитриевски: Пајак службата крева возила селективно во Куманово
Foto

Димитриевски: Пајак службата крева возила селективно во Куманово

„Јас живеам и работам за својот град, кој има вековни проблеми. Концептот за наше Куманово има издржана програма, со 80 страници. Нови зелени површини, нови сообраќајници, многу паркиралишта и уште 5 нови кружни текови. Бројките финансиски во општината се добри, имаме 4 милиони евра на сметка во моментов. Куманово е единствен град кој има студија за сообраќајна мобилност. Ќе ги вратиме тротоарите на пешаците. Тротоарите ги узурпираат несовесни возачи. Пајак службата, го координира претставник на МВР, сега работи селективно, само во еден дел од градот. ќе отвораме сообраќајници ама врз реална основа. Мора да се ограничи движењето во одреден дел од денот“ - вели Максим Димитриевски, група избирачи во Студио 10 на ТВ24.

0 Коментари

Остави коментари