Димитриеска Кочоска за тв 24: Мерките требаше да се предложат кога почна корона кризата
Foto

Димитриеска Кочоска за тв 24: Мерките требаше да се предложат кога почна корона кризата

Гордана Димитриеска Кочоска од  во 24 анализа, рече дека четирите пакет мерки согласно она што го најави владата чинеле една милијарда евра што било далеку од таа сума и според пресметките тоа се 340 милиони прашање е што се е реализирано. Нешто што беше слично на тоа опозицијата го предложила, а владата го прифати било субвенционирање на платите.

„Мерките требаше да се предложат кога почна кризата кога министерот за здравство рече дека ќе се затвораат ресторани. Имавме задоцнување со мерките и во средината март имаше затворање на одредени дејности. Кога ќе влезете во една ситуација, кога ќе почнете да доцните и фирмите се соочуваат со проблемот на ликвидност, се понатаму станува поголем проблем и тоа беше најважно, навремена реакција.“ - рече Димитриеска Кочоска.

Во жестока дебата со Петров, таа упати остри критики за реализацијата на мерките и дека многу се доцнело. Таа потенцираше дека многу лица останале без вработување и такви кои останале во сивата економија и не се регистрирале. Смета дека реалните економски бројки покажуваат дека народот живее сиромашно и дека платата не пораснала.

Околу зголемувањето на невработени лица Димитриеска-Кочоска посочи дека 52 лица ги изгубиле своите работни места во време на корона кризата. Во однос на просечната плата таа истакна дека многу е битно да се знае како се пресметува просечната плата за да се знае точно дали таа е порасната или не.

0 Коментари

Остави коментари