Димитриеска Кочоска: За проектот Скопје 2014 залудно се фрлија големи пари
Проектот Скопје 2014 беше непотребен, призна министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, чија партија пред десеттина години, водена од тогашниот лидер Никола Груески, како владечака, потроши стотици милиони евра на споменици и фасади.
Според неа, земјава треба да вложува во капитални проекти, дури и по цена да се надмине законскиот лимит, но тие проекти да направат некаков профит.
Во економијата има правилa кога се троши, а кога се штеди, но ниту една влада до сега не се држела до нив, туку постојано и експанзивно се трошело, без да се прават значајни реформи, објаснија еконоските експерти на денешната дискусија за фискалната политика, во организација на Фискалниот совет и Фајнанс тинк.
Сериозен проблем се државните институции кои не ги разбираат финансиите, вели министерката Кочоска. Многу од нив не ги регистрираат точно сите плаќања и трошоци. Во социјалата, еден човек земал социјална помош од разни програми до фантастични 1000 евра, а во исто време компаниите кубурат со работна сила, која ја увезуваат од странство. Јавниот долг е екстремно висок, а буџетскиот дефицит за 1 процент го надминува законски дозволениот лимит, вели академик Абдулменаф Беџети.
Ќе се менува Законот за буџети, за да не може повеќе министрите сами да одлучуваат во што ќе инвестираат, туку тоа да биде посистемски. Запирање на падот на продуктивноста е најголем предизвик за следната година. Платите во институциите треба да биде фер и исти за сите, вели Димитриеска Кочоска, која најави дела годинава е можно да ја завршиме со долг од 62,7 проценти.