Димитриеска Кочоска: Немам намера да потпишувам бланко документи
Foto

Димитриеска Кочоска: Немам намера да потпишувам бланко документи

Дополнителната заменичка министерка за финансии Гордана Димитриевска Кочовска не става потпис за заемот од 90 милиони евра од Светска банка. Дали по точно четири години се повторува истата политичка приказна во Министерството за финансии. Кога сегашната власт беше во опозицијата, тогашиот дополнителен заменик министер за финансии од СДСМ Кире Наумов, кој седеше на истото столче, не ставаше потпис за издавање на еврообврзница. 

Сега Кочовска не сака де се споредува со тоа време. Вели дека ниту блокира, ниту врши опструкции, но нема намера да потпишувам бланко документи. 

Министерот Филипче, но и министерката за финансии ја обвинуваат Кочовска дека ги кочи средствата од Светска банка кои биле неопходни за опремување на клиниките.

Од 90 милиони евра од Светска банка 34 милиони се за Министерството за здравство, а 54 милиони евра за труд и социјала. 

По серијата партиски препукувања на релација опозиција – власт за тоа како ќе се трошат парите наменети за борба против пандемијата, вчера писмото испрати и Светска банка.

Од канцеларијата во Скопје потсетија дека ќе ја контролираат Владата како го троши заемот што банката и го одобри на Македонија за брзо справување со Коивд 19. Во дописот стои дека Светска банка ќе има нулта толеранција за измама и корупција во земјава.

0 Коментари

Остави коментари