Димитриеска-Кочоска: Фискалната стратегија е смерница на фискалната политика и води кон намалување на буџетскиот дефицит и економски развој
Фискалната консолидација, подобрување на макроекономската стабилност и поддршка на економската активност остануваат основни цели на фискалната политика за периодот 2026-2030 година, кои како основни насоки се содржани во Фискалната стратегија 2026-2030 година, подготвена од Министерството за финансии и којашто денеска е усвоена во Собранието.
„Фискалната консолидација останува приоритет на Министерството за финансии со цел понатамошна макроекономска стабилност и поддршка на економијата за остварување повисоки стапки на економски раст. Остануваме посветени на дисциплинирана фискална политика и управување со јавните средства, ефикасна наплата на приходите, намалуање на сивата економиија, одржување високо ниво на капитални расходи и континуирана поддршка на економијата преку капитални инвестиции.
Фискалната стратегија води кон намалување на буџетскиот дефицит и економски развој, односно очекуваме постепени и во континуитет буџетскиот дефицит да се намалува и да достигне ниво под 3% согласно фискалните правила“, вели министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

