Димитриеска-Кочоска: Есенскиот извештај на ЕК сигнал дека се движиме во позитивна насока

Есенските економски проекции на Европската комисија, кои што се објавени вчера,  се јасен сигнал дека се движиме во позитивна насока, оценува министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.   

Во објава на Фејсбук таа наведува дека проекцијата за раст на македонската економија е зголемена за 2025 и 2026 година, што, како што вели, е потврда за стабилноста, издржливоста и довербата во нашите економски политики.

Таа нагласува оти во Извештајот е нотирано дека во првата половина од годината растот на БДП бил повисок од очекуваното, поддржан од инвестиции, приватна потрошувачка и подобрени извозни перформанси.