Димитар Ковачевски ја презентираше програмата на новата Влада
За парламентарното мнозинство легитимна, опозицијата пак го оспорува легитимитетот на новата предлог Влада која денеска се најде пред народните избраници.
Мандатарот Ковачевски во своето експозе со објаснување зошто треба да му се даде поддршка на новиот владин состав, но и на програмата која ја образложи и се темели на трите клучни столба - енергетската криза, животниот стандард и реализација на инфраструктурните проекти.
Ковачевски не заборави да ги спомне и евроинтегративните процеси, но вели не се врзува за датум.
Опозициските пратеници пак со став дека овој старо-нов владин состав ќе се соочел со гневот на народот кој според нив не дал легитимитет и е причина повеќе да се оди на предвремени парламентарни избори.
На расправата во собраниската сала пак опозиционерите побараа да бидат вклучени и тие во преговорите со официјална Софија. Парламентарното мнозинство пак тврди нема ништо тајно.
Препукувањата на релација власт-опозиција се префрлија и кај партиите од албанскиот блок. Алијанса обвини дека во изминатите неколку години корупцијата во државата цвета, интегративците пак со контра став дека проектите на Владата која изминативе години ја водеше државата биле јасно видливи и мора да се продолжи со политичка зрелост.
Дел од новиот предлог владин состав се и старо нови имиња како Оливер Спасовски кој останува во МВР. Љупчо Николовски кој пак овојпат треба повторно да се врати во не така новиот ресор за него - Земјоделие, а на досегашната функција која ја вршеше, за борба против корупција треба да седне поранешната пратеничка Славица Грковска.
Маричиќ од Правда се сели во кабинетот за европски прашања, а на неговото досегашно место ќе треба да седне професорот Никола Тупанчевски.
Пратеничката Славјанка Петровска ќе ја замени Шеќеринска во одбрана, Бисера Костадинова Стојчевска ќе биде министерка за култура, Благоја Бочварски за транспорт и врски.
Локална самоуправа и натаму останува под палката на ЛДП односно Горан Милевски, а остануваат непроменети позициите и на Фатмир Битиќи, Бујар Османи , Насер Нуредини и Артан Груби.