ДИК утре ќе ја спроведе ждрепката за редоследот на претседателските кандидати

Редоследот на претседателските кандидати на изборното ливче за изборите на 24 април ќе биде познат утре. Државната изборна комисија утре ќе ја спроведе ждрепката за утврдување на редоследот во единствената листа на кандидати за претседател на Република Северна Македонија. Утре ќе се одржи и ждрепката за распределба на рекламни паноа и билборди.