ДИК: Прегласувањето се одвива без проблеми

Отстранети се сите пречки за да не дојде до истите проблеми со ракувањето со апаратите за отисоци од прст откако во првиот круг од локалните избори дел од граѓаните гласаа со оставање отисок од прст на хартиениот Избирачки список. 

По информациите дека лекарски тимови биле приморувани да бидат дел од изборачките одбори во домовите каде што гласаат заразените од Ковид-19 и оние во самоизолација, Гугучевска вели дека тие биле избирани по случаен избор како и другите членови.  

Во функција на забрзување на постапката на гласањето во вториот круг од изборите, ДИК донесе Упатство за работа на избирачките одбори в недела.

Пред утрешното гласање, Јавното обвинителство соопшти дека ќе бидат воспоставени дополнителни дежурства за следење на процесот на гласање. Од ДИК упатија посебна препорака до избирачките одбори да бидат целосно транспарентни и целосно да соработуваат со медиумите и акредитираните набљудувачи.

Втор круг ќе има во 44 општини а гласањето ќе се повтори на две избирачки места, едно во Дебар и едно во Шуто Оризари. Откако повторно ќе бидат распишани избори, гласањето за градоначалник ќе се повтори во општините Маврово-Ростуше и 

Центар Жупа. Гласачките места ќе бидат отоворени во седум часот наутро а ќе се затворат во 19 часот попладне.