ДИК извештаите од гласањето ќе ги добива на „вибер”
Foto

ДИК извештаите од гласањето ќе ги добива на „вибер”

Шефовите на изборните штабови на претседателските кандидати ги повикаа граѓаните в недела масовно да излезат и да го искористат своето демократско право на глас. Сите тројца ја оценија досегашната кампања како фер и дека поминала во мирна атмосфера, со очекување дека така ќе биде до крајот, односно до конечниот избор на идниот претседател на државата.

Претседателот на ДИК порача да победи најдобриот кандидат. Комисијата е подготвена за овие шести претседателски избори. Набавени се нови сервери за да се избегнат било какви упади или хакирање на веб страницата. За овие претседателски избори од државниот буџет се одвоени околу 5 милиони евра, но Дерковски тврди дека нема да ги потрошат сите. 

За првпат Државната изборна комисија извештаите од конечното гласање на избирачките места ќе ги добива на апликацијата „вибер“, со претходно кодирање на секој извештај одделно, за да стигнат побрзо до државната комисија. 

Утре ќе гласаат околу 7 илјади лица. 1.640 во затворите, 7 раселени. Над 1.700 се пријавиле во дијаспората, 3.500 се болни и изнемоштени и 70 лица ќе гласаат во два старечки дома.

Во куќен притвор утре ќе гласаат и Миле Јанакиески, Стевчо Јакимовски и поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков. 

0 Коментари

Остави коментари