ДИК: Излезноста во странство околу 38,51 отсто, гласањето во КПУ течело без проблеми
Foto

ДИК: Излезноста во странство околу 38,51 отсто, гласањето во КПУ течело без проблеми

Изборен молк пред утрешниот прв круг претседателски избори и предвремените локални избори во општините Охрид, Дебар и Ново Село. На полноќ заврши изборната кампања. Претседателските избори ќе се спроведуваат на 3.480 избирачки места во 80 општини и град скопје и на 32 во странство. Право на глас имаат 1.808.131 граѓанин. Вториот круг од изборите е закажан две недели подоцна, на 5 мај. На ден пред изборите гласаат лицата од казнено поправните домови, болните и изнемоштени лица, раселените и оние во дијаспората. Во ДИК вечерва се одржа прес конференција на која беше соопштено за текот на денешното гласање.

0 Коментари

Остави коментари