ДИК: Излезноста до 9 часот е 5,25%
На вториот изборен круг, до 9 часот, на гласање излегле 5,25% од гласачите, или гласале вкупно 56.700 граѓани, истакна на првата прес конференција претседателот на ДИК, Александар Даштевски.
-Во Ранковце излезноста е 15%, во Кратово 11%, во Ресен е 9%, а другите градови се под 9%, истакна Даштевски, кој следната прес конференција ја најави за во 11.30 часот.
Тој истакна дека имало одредени технички проблеми, кои биле надминати.
-Имаше технички проблеми на неколку избирачки места во Скопја и во внатрешноста на државата. Проблемите се надминати, а гласањето ќе биде продолжено за толку колку што траел прекинот, изјави Даштевски.

