ДИК изгласа зголемување на надоместоците за членовите на избирачките одбори и општинските изборни комисии
Foto

ДИК изгласа зголемување на надоместоците за членовите на избирачките одбори и општинските изборни комисии

Зголемување на надоместокот за членовите на избирачките одбори на предвремените парламентарни избори за 100 отсто, едногласно изгласа државната изборна комисија. Општинските изборни комисии, пак, ќе добијат за 20 проценти поголем надоместок поради успешното организирање на изборите.

Пo 6.000 денари надомест ќе добијат и здравствените работници кои беа дел од посебните избирачки одбори. Сепак, членовите на дик потенцираат дека тие нема да земат никакви надоместоци освен основната плата.

0 Коментари

Остави коментари