ДИК ги потврди претседателските кандидатури
ДИК денеска и официјално ги потврди кандидатурите на 7 те претседателски кандидати кои ќе ги трчаат изборите. По примерот на листите се правеа проверки дали тие се направени во согласност со Изборниот законик и ги исполнуваат условите предвидени со уставот.
Жрепката пак за утврдување на единствената листа ќе треба да се одржи најдоцна до 28 март.
Во меѓувреме пак денеска од ОБСЕ и ОДИХР информираа дека отпочнуваат со набљудувачката мисијата за престојните избори. Ќе имаат 320 набљудувачи од кои 300 ќе бидат краткорочни а 20 долгорочни. Вкупно 20 тимови со по 2ца ќе бидат распоредени низ градовите ширум земјава а главниот град ќе има два тима со по 2ца. Клучниот тим пак на мисијата ќе го сочинуваат 12 меѓународни експерти од земјите во ОБСЕ.
Од мисијата на ОДИХР велат дека бројот на набљудувачи е направен согласно проценките бидејќи во вториот круг има и двојни избори односно претседателски и парламентарни и логична и очекувана е бројката од 320 набљудувачи. Од следната недела почнува и мониторирањето на медиумите.