ДИК ги отфрли приговорите на „Алијанса и Алтернатива“, „Левица“ и „Твоја партија“
Foto

ДИК ги отфрли приговорите на „Алијанса и Алтернатива“, „Левица“ и „Твоја партија“

Државната изборна комисија денеска ги отфрли сите приговори на повеќе политички партии и коалиции поднесени по одржувањето на првиот изборен круг на локалните избори.

Така ДИК го отфрли барањето на Алијанса за албанците и Алтернатива за поништување на гласањето на едно избирачко место во општина Дебар, приговорите на коалицијата на ЛДП и ДОМ, но и Демократската партија на турците.

Државната изборна комисија ги отфрли и сите шест приговори на левица поради тоа што, како што констатира комисијата, партијата не доставила материјални докази. Отфрлен беше и приговорот на Твоја партија затоа што бил поднесен после законски утврдениот рок.

Државната изборна комисија денеска информираше и дека луѓето кои имат право на глас како болните и немоќните, тоа право ќе го остварат и во вториот изборен круг, на ист начин и под исти услови и истите може да се поднесуваат нови барања.

Нови барања ќе треба да поднесат и граѓаните со ковид-19 и оние што се во изолација.

 

 

 

 

0 Коментари

Остави коментари