ДИК ГИ ОБЈАВИ КОНЕЧНИТЕ РЕЗУЛТАТИ: СДСМ 46, ВМРО-ДПМНЕ 44, ДУИ 15, АА 12, ЛЕВИЦА 2 И ДПА 1 МАНДАТ
Foto

ДИК ГИ ОБЈАВИ КОНЕЧНИТЕ РЕЗУЛТАТИ: СДСМ 46, ВМРО-ДПМНЕ 44, ДУИ 15, АА 12, ЛЕВИЦА 2 И ДПА 1 МАНДАТ

Со усвојување на Заклучок за конечни резултатати, Државната изборна комисија на денешната седница и официјално ги прогласи десеттите по ред а петти предвремени парламентарни избори за завршени. 

Претседателот на комисијата Оливер Деркоски изјави дека годинашните избори генерално беа фер и демократски организирани и спроведени според Изборниот законик и според протоколите на здравствените власти а со цел заштита на граѓаните од Ковид – 19 вирусот. 

По утврдувањето на конечните резултати, Деркоски на свечена седница ги додели уверенијата на пратениците во новиот собраниски состав. Во име на пратениците уверенијата ги подигнаа овластените претставници на партиите и коалициите освен на ВМРО-ДПМНЕ за кои уверенијата ги подигнаа претставници на секоја изборна единица поединечно. На свечената седница не дојдоа двајцата пратеници на Левица и единствениот пратеник на ДПА а претставникот на Алијанса за Албанците/Алтернатива уверенијата ги подигна по завршувањето на церемонијата, лути затоа што ДИК им ги одби сите приговори.  

Според конечните резултати на годинашните предвремени парламентарни избори СДСМ и коалицијата „Можеме“ освоија 46 пратеници, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“ 44, ДУИ 15, Алијанса за Албанците и Алтернатива освоија 12 пратеници, двајца освои Левица а со еден пратеник во Собранието ќе биде застапена и ДПА.

0 Коментари

Остави коментари