Дијаспората алармира дека не е доволно информирана за пописот
Foto

Дијаспората алармира дека не е доволно информирана за пописот

На стартот на првата фаза од  најобемната статистичка операција пописот која ги опфаќа македонските граѓани од странство, дел од дијаспората алармира дека не се доволно информирани за пописот. 

Ицо Најдовски - Перин кој живее во Мелбурн и Мето Колоски од Обединетата македонска дијаспора за Тв 24 велат  дека македонската заедница не е доволно едуцирана како да се попише онлајн.

Опозицискиот лидер Христијан Мицковски првично   ја повика дијаспората масовно да се пријавува за пописот, а денеска обвини дека власта не може да ја спроведе операцијата  и треба  да се поништи  процесот. 

„Уште при првиот ден на евидентирање на дијаспората се случи крах на апликацијата, прво системот падна. Се покажа дека од дијаспората може да се попише секој граѓанин кој живее во Македонија. Не  би ме зачудило ако на крај се евидентираат неколку десетици милиони нашинци од дијаспората. Полека но сигурно, пред очи имаме уште еден циркус.“ - напиша Мицкоски на фејсбук.

Според владејачката СДСМ Обвинувањата од опозицијата за пописот се само лош партиски маркетинг. Велат по речиси 19 години, државата спроведува попис согласно сите меѓународни стандарди и пракси на Евростат и Обединетите Нации.

Алијансата за Албанците побара да нема проблеми при регистрирањето на дијаспората за пописот...Вицепремиерот, Артан Груби претходно  на Фејсбук ги повика иселениците Албанци да се мобилизираат и да се самопопишат во што поголем број.

0 Коментари

Остави коментари