Дичев: Основната тема не е Гоце Делчев, проблем е периодот на окупацијата, по Втората светска војна
Foto

Дичев: Основната тема не е Гоце Делчев, проблем е периодот на окупацијата, по Втората светска војна

„Основната тема не е Гоце Делчев. Проблем е периодот на окупацијата, по Втората светска војна, окупацијата на Македонија и Егејот од бугарските војски со посредство на нацистите, на Германија, кои во одредена смисла ги делеле териториите на Балканот. Тоа е моментот на поделба. Македонците со децении учат во училиштата дека бугарите се фашисти, за ѕверствата на бугарите, додека за нас тука, тоа е спротивно. Тоа е моментот на поделба за кој и едната и другата страна треба да вложат напор да го надминеме“ објаснува професорот од софискиот универзитет Ивајло Дичев во интервју за емисијата Трилинг која од денеска ќе се емитува секој петок во 18.00ч.

Во Трилинг гостуваат и историчарот Петар Тодоров, професорката Ана Стојановска која ја доби наградата „Антево перо“, Денис Јанкуловски од Центарот за јавно здравје и средношколецот Лука Павичевиќ

 

0 Коментари

Остави коментари