ДИЦ продолжува со штрајкот - неизвесно спроведувањето на државната матура
Владата и функционерите кои си ги покачија платите за 78 проценти да одговорат на средношколците дали ќе полагаат матура. Државниот испитен центар продолжува со штрајкот.
Од средбата со вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи добиле идентитчен, како напамет научен текст од она што досега го добивавале од другите министри, Јетон Шаќири и Фатмир Бесими, велат од ДИЦ.
Битиќи им понудил исплата на К-15 - нешто што, како што велат од ДИЦ, им следува со Закон, а што досега незаконски им било спречувано да го добијат, а им, понудил и линеарно покачување од 2.000 денари, иако тие барат различно покачување за различни позиции.
Од Министерство за финансии велат дека:
„Се предлага решение со кое платите на вработените во ДИЦ да се усогласат со платите на административните службеници согласно Законот за административни службеници и законските прописи.“- велат од финансии.
Министерот за образование, Јетон Шаќири преку соопштение инсистира државната матура да се одржи во предвидениот рок, во соопштението никаде не се споменува барањето на ДИЦ за повисоки плати.
„Дијалогот помеѓу ДИЦ и Министерството за финансии треба да продолжи до изнаоѓање на конечно решение.“ - велат од МОН.
Министерот за образование и наука Јетон Шаќири претходно изјави дека дека државна матура мора да се полага на 27 мај, а за процесот да се реализира, ако е потребно, ќе се вклучат и вработените од МОН. Вработените од ДИЦ му возвратија дека законски е да добијат и повисоки плати а било кој друг ако влезе во ДИЦ е во директна колизија со начелата на тајност на полагањето на државната матура.
Според нашите информации од вработени во ДИЦ, покачувањето на платите за 78 проценти за само 6 функционери се доволни за да се покачат платите на вработените во ДИЦ. Од Сојузот на средношколци велат дека ќе го свикаат Генералното собрание и ќе испратата конкретни предлози до Влада за да се изнајде чаре како да се надмине настанатата ситуација со полагањето на државната матура.
Од СОНК велат дека немаат надлежности да реагираат.
Додека се бара чаре, 12 проценти од матурантите кои сакаат да се запишат во странство влегува во статус-кво. Од Сојузот на средношколци велат дека неодговорно би било ако има пролонгирање на државната матура кон цела една генерација на матуранти.