Дезинфекцијата на автобусите и комбињата со кои се превзуваат текстилните работници до штипските фабрики и погоните

Дезинфекција на автобусите и комбињата со кои работниците одат на работа и на погоните по завршување на секоја смена.

Тоа се главните заклучоци од денешниот состанок  што се одржа во  општина Штип, на кој освен штипскиот градоначалник присуствуваа  претставници на текстилните компании, превозници, од Центарот за јавно здравјe, како и од невладините „Гласен Текстилец“ и Хелсиншки комитет. 

Од „Гласен текстилец“ се задоволни од тоа што голем дел од работодавачите се држат до препораките на Министерството за здравство, но клучно е да не се крева паника кај работниците и тие да не веруваат во се што ќе прочитаат по социјалните мрежи.

Од Центарот за јавно здравје во Штип веќе вршат обуки за превенција од корона вирусот. Денес биле во штипскиот затвор. Нивен апел е да се пријават сите случаи на повратници од странство кои не се во двонеделна изолација по  враќањето во државата. 

Во моментов во самоизолација во Штип се вкупно 13 граѓани, но досега не е детектиран ниту еден случај на инфициран со коронавирус. Утре во Штип состанок ќе има и локалниот Кризен штаб што во кординација со МВР и другите институции ќе преземе и дополнителни мерки.