Девојчето со сите дарби
Foto

Девојчето со сите дарби

Дејството се случува во иднина, кога човештвото е погодено од габична инфекција. Инфицираните брзо ги губат менталните способности и ги нарекуваат „гладни", бидејќи се хранат со здраво човечко месо. Неколкуте кои преживеале се затворени и добро чувани во воена база каде што научниците се обидуваат да најдат лек. Научникот Каролин Колдел смета на „гладното" 10-годишно девојче по име Мелани кое има висок коефициент на интелегенција, бидејќи ги користи телата на заразени деца за наоѓање на лекот. Воениот психолог, Хелен Јустино, не се согласува со таквите научни методи и се обидува да ја спаси Мелани. Во тој момент, базата е нападната од „гладните", па научниците се принудени да бегаат. Со себе ја земаат и Мелани која има маска преку устата. Тие одат во лабораторија одговорна за ширење на инфекцијата. Мелани и помага на Хелен, така што ја заразува Колвел која умира. Со пламениот фрлач ги уништуваат сите опасни габи и заедно се борат за здравјето на следната генерација на „гладните".

Foto

0 Коментари

Остави коментари