Девојчето погребано, инспекторите го проверуваат текот на лекувањето

Здравствените инспектори влегоа во тетовската болница, и во приватната амбуланта каде седумгодишното девојче кое почина било третирано.

Се  вршат вонреден инспекциски надзор и  Се испитуваат и видео снимките од приемот на седум годишното дете.

Државен санитарен и здравствен инспекторат

„Веќе од утрово инспекторите на Државниот санитарен и здравствен инспекторат вршат вонреден инспекциски надзор и тоа во Клиничката болница Тетово по добиена наредба од Министерството за здравство“.

Како што информираа од болницата девојчето било примено на Одделението за педијатрија во саботата, но по влошување на здравствената состојба била побарана помош и од Одделението за уво нос и грло за прочистување на усната шуплина. 

Клиничка болница Тетово

- Од моментот на приемот, беа преземени сите потребни медицински мерки соодветни на нејзината здравствена состојба, вклучително и интензивна рехидратација, согласно професионалните и клинички насоки. Беше побарана помош од ОРЛ за аспирација на секрети од усната шуплина. За жал, за време на интервенцијата, пациентката не покажа знаци на реакција, по што беше итно префрлена на Одделението за анестезија, реанимација и интензивна нега, каде што беа преземени сите мерки за реанимација. И покрај максималните напори на медицинскиот тим, пациентката почина.

Од болницата објаснија дека побарале да се изврши обдукција на телото со цел расветлување на причините за смртта, но семејството на девојчето одбивало. И Основното јавно обвинителство Тетово издаде усна, а потоа и писмена наредба за обдукција на седумгодишното девојче од селото Челопек, кое почина по третман во Клиничката болница во Тетово. Сепак, Погребот на девојчето се одржа вчера во селото Челопек, семејството не дозволи обдукција.