Девојчето кое го исмеваше злосторството во училиштето во Врачар е приведено

Малолетното девојче кое се снимаше на Тик-ток, во кое го величеше масакрот кој го изврши 13 годишното дете а се потсмеваше со убиството на осум ученици и чуварот на училиштето во Врачар е повиката во полиција, објавија српските медиуми.

Во Нови Сад, полицијата пак привела три малолетника поради загрозување на безбедноста и предизвикување на паника. Од полицијата велат дека тројцата ученици кои учеле во исто средно школо, на социјалните мрежи објавиле заканувачки пораки и фотографии од оружје кое наводно ќе го однесат на училиште. При претрес на станот на еден од нив полицијата пронашла реплика од автоматска пушка.