Девојче од Велес брутално нападнато од врсничка
Foto

Девојче од Велес брутално нападнато од врсничка

Пред да биде нападнато, на снимката се слуша како девојчето и вели на насилничката да ја остави и дека не сака да се дружи со неа. Таа пак и се заканува дека е способна да ја спружи на земја. Тогаш нападнатото девојче по телефон почнува да бара помош од нејзината мајка. Во еден момент, додека мајката е на телефонска врска, насилничката го повлекува девојчето за коса и го турка на земја, па почнува да го удира. По неколку секунди притрчува повозрасна жена и успева да го спаси нападнатото девојче. 

За сето време, неколку други деца го следат настанот и наместо да го спречат, тие го потикнуваат насилството. Инцидентот се случил пред четири дена, во велешката Нова населба, во близина на трговскиот центар. Од велешката полиција го потврдија настанот. Оттаму велат дека ден подоцна, истото девојче нападнало и друга малолетничка. 

„Од граѓани било пријавено дека на 18.04.2021 околу 15.00 часот на ул.„11-ти Октомври“ истата малолетничка физички нападнала друга малолетничка од Велес. Во врска со настанот, во полициска станица, во присуство на родител и социјален работник, бил извршен разговор со малолетното девојче, како и со уште една малолетничка која учествувала во настаните. Се преземаат и дополнителни мерки и по целосно документирање на случајот во координација со Центарот за социјални работи ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, како и пријава против родителот С.И.(39) од Велес поради негрижа за дете“ - велат од МВР.

Во последните неколку години зачестија насилствата кај малолетниците. 

Пред точно три години јавноста беше згорезена од снимката на која 14 годишно девојче од Неготино беше брутално тепано и влечено за коса од свои врсници во дворот на основното училиште „Гоце Делчев“, а повеќемина сведоци на настанот го поддржуваа и снимаа насилството. Тогаш напаѓачите беа осудени за насилство. 

Лани двајца насилници од Штип брутално претепаа девојче, а настанот го снимиле и објавиле на интернет. И двајцата завршија во затвор.

0 Коментари

Остави коментари