Деветти „Марш за ангелите“ во Кочани, партиите се препукуваат кој е виновен

Не престануваат препукувањата меѓу партиите за тоа кој е виновен за кочанската дискотека на смртта по објавата на обвинението што го објави вчера републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски против 34 физички и три правни лица додека пак за немањето на доволни докази за 11 лица постапката се прекинува. Од СДСМ велат дека приведените полициски службеници биле лицата кои што биле посочувани од нивна страна објавувајки факти и аргументи во серијалот „Вистината за кочани“ доколку не бил нивниот притисок немало да се постапи воопшто. Од таму прашуваат Колку докази исчезнаа додека Тошковски и Јанев ги штитеа полицајците кои сега се приведени.

СДСМ - Се потврди дека СДСМ ја зборува вистината за трагедијата во Кочани од првиот ден. Со месеци Тошковски и Јанев ги штитеа и ја лажеа јавноста дека нема никаква вина кај полициските службеници кои се директно одговорни за пожарот. За тоа време се остави огромен простор истрагата да биде компромитирана, можно е да биле уништени важни докази. Кривична одговорност за Александар Јанев, директор на Бирото за јавна безбедност, кој ги поставил, им давал наредби, за да не влијае на истрагата и расчистување на случајот треба да си понесе оставка. Истото важи и за Панче Тошковски кој ја штитеше неговата структура во полицијата и тврдеше дека нема вина. Христијан Мицкоски пак ја злоупотребуваше трагедијата за политички напади, свесно лажеше, ги манипулираше родителите, јавноста, додека вистинските виновници од неговата власт беа заштитувани. 

Премиерот Христијан Мицкоски не сака да ја коментира суштинската работа на обвинителството, а пораките од СДСМ се само политички.

И ДУИ со своја реакција од каде велат дека Јавното Обвинителство е дефинитивно заробено. Ќе ги презеле сите демократски и политички чекори за да го заштити гласот на Албанците, принципите на правдата и правната држава, ја повикуваат и меѓународната заедница да реагира.

ДУИ - Оваа селективна правда и јасно политички мотивирана акција претставува уште еден доказ дека обвинителството не само што ја изгубило својата независност, туку станало инструмент за политички прогон и изборен инженеринг. Обвинителството целосно ја изгуби својата веродостојност со тоа што ги штити функционерите на владата, а истовремено соработува со неформални центри на моќ за да конструира случаи против поранешни министри и политички неистомисленици.

Поради обемноста на случајот на обвинителството му беше потребно без некој ден три месеци за да го спреми обвинението. Минатиот месец пак претседателот на основниот суд Кочани од судски совет побара да се делигираат двајца судии од другите основни судови за да  помогнат во работата поради соочување со еден од наголемите судски проецси, од каде привремено ја избраа судијката Емине Калач од основен велешки да им помага во период од два месеца.