Деветта победа на Марк Маркез во Заксеринг
Возачот на Дукати Марк Маркез ја продолжи својата доминација со нова победа на патеката во Заксеринг за Големата Награда на Германија. Тој во саботата победи во спринтот, а денеска ја прослави и деветтата победа на оваа патека во Мото ГП.
На победничкиот подиум се најдоа неговиот брат Алекс Маркез и како третопласиран Франческо Бањаја.
Ова е вкупно 69.та победа за Марк Маркез во „кралската класа“, со што го мина Џакомо Агостини кој има 68, а единствено пред него со 89 победи е Валентино Роси.
Марк Маркез со денешната победа ја зголеми предноста пред Алекс Маркез и води со 344 пред неговиот брат, кој има 261.
Следната трка се вози на патека во Брно во Чешка.

