Детроит загуби добиен меч, Кливленд блиску до финалето на Истокот
Кошаркарите на Кливленд Кавалирс го победија Детроит Пистонс среде нивната „Литл Сизрс“ арена со 117:113 по продолжение во петтиот натпревар од полуфиналето на Источната конференција, поведувајќи со 3-2 во серијата и дојдоа на чекор од финалето.
Пистонс имаа 9 поени предност на 2:40 до крајот, 103:94, но Кавс се вратија и го одведоа натпреварот во продолжение, каде што гостинскиот тим се покажа подобро и победи.
Џејмс Харден ги предводеше до победата со 30 поени, 8 скокови и 6 асистенции, додека Донован Мичел додаде 21 со 4 скока и 3 асистенции, додека Макс Струс постигна 20 со 8 скокови. Еван Мобли заврши со 19 поени и по 8 скокови и асистенции, а Џерет Ален исто така беше двоцифрен со 16 поени и 10 скокови.
Најдобар играч на Пистонс беше Кејд Канингем со 39 поени, 9 асистенции и 7 скокови, додека Денис Џенкинс заврши со 19 поени, 3 асистенции и 2 скока. Тобиас Харис постигна 13 поени со 6 скокови и 3 асистенции, а Пол Рид исто така беше двоцифрен со 10 поени и 8 скокови.

