Детето прободено со нож се бори за живот, притвор за 19-годишникот, за насилникот социјални служби

Критична и животозагрозувачка е состојбата на 13-годишното момче кое вчера беше прободено со нож во градниот кош на булеварот Македонско-косовска бригада во Чаир, дознава од извори на клинички телевизија 24. Оттаму велат дека момчето е приклучено на апарати за одржување во живот, а неговата состојба се следи активно, од час во час...

Малолетникот кој го прободе момчето поради возраста не подлежи на кривично-правна одговорност, но  по барање на Јавното обвинителство, Основниот кривичен суд Скопје определи 30-дневен притвор за неговиот 19 годишен брат кој бил директно вмешан во тепачката....

Кривичен суд Скопје: „Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство Скопје за определување мерка за обезбедување присуство против 19-годишниот Б.И. од Скопје, осомничен за насилство врз дете во скопската населба Чаир, по неговото произнесување во однос на предлогот, донесе решение со кое му определи мерка притвор во траење од 30 дена. Б.И. е осомничен за кривичното дело „Насилство“ од Кривичниот законик“, велат од Кривичниот суд.

Телевизија 24 побара информации од социјалните служби дали се постапува во одонос на малолетниците кои беа вклучени во инциденто. Оттаму ни одговорија дека во моментов случајот го води МВР, а доколку добијат известување, центарот за социјални работи во Скопје ќе постапи согласно законските надлежности.... 

ЈУМЦСР: „Имаме сознанија дека е случен инцидент во Чаир во кои се вклучени и полнолетни но и малолетни лица. Случајот го води МВР, а доколку добиеме известување, центарот ќе постапи според законските надлежности“ велар од скопскиот центар за социјални работи....

Граѓаните, пак, бараат итни мерки и системски промени. Дел од нив, кои ги анкетираше Телевизија 24, велат дека инцидентите во кои се вклучени малолетници станале секојдневие. Според нив, било само прашање на време кога ситуацијата ќе ескалира и ќе биде загрозен нечиј живот.

Инаку, инцидентот што се случи во скопски Чаир доаѓа во период кога јавноста повторно сведочи на серија физички пресметки меѓу малолетници. Дел од овие случаи беа објавувани и на социјалните мрежи, а во одредени случаи беа преземени и кривично-правни дејствија, а за конкретниот случај од МВР најавија дека до ОЈО ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.