Детали за двојното убиството во Скопје

Двојното убиство во Скопје кое ја потресе јавноста всушност, се случило претходната ноќ меѓу 10 и 11 јануари. Сторителот, кој со нож ги избол своите мајка и баба, откако го извршил убиството, легнал да спие.

Вчера кога се разбудил се осигурал дали се мртви, па тргнал да го бара и својот чичко за да го убие. Сепак откако не го пронашол, отишол кај матичната докторка и ѝ кажал што направил. Ова се деталите кои денеска ги објави Основното јавно обвинителство.

„При вршење семејно насилство, во семејниот дом на улицата ‘Франклин Рузвелт’, осомничениот ги лишил од живот сопствените мајка и баба нанесувајќи им повеќе убоди со нож. Откако ги убил, ноќта меѓу 10 и 11 јануари, тој легнал да спие. Утрото на 11 јануари проверил и се осигурил дека двете жени се починати, по што се упатил кон домот на својот чичко со намера и него да го убие. велат од ОЈО Скопје.

Основното јавно обвинителство отвори истгара за овој случај. Се бара и притвор судот да му одреди на сторителот на двете убиства, поради опасноста од бегство или повторување на кривичното дело.

Статистиката на МВР за деветте месеци од 2022 година покажува дека се пријавени 809 кривични дела поврзани со семејно насилство. Од нив 514 се дела во кои жртвите завршиле со тешки или телесни повреди, а регистрирани се и шест убиства.