Деспотовски за тв 24: Имаме значително зголемување на економската активност годинава
Foto

Деспотовски за тв 24: Имаме значително зголемување на економската активност годинава

Јован Деспотовски, директор на Дирекцијата за слободни економски зони во емисијата 24 анализа, рече дека имавме економски локдаун, но дека имаме значително зголемување на економската активност годинава. Има ризици, не заради ковид, туку од глобални причини.

- Ги следиме трендови, и имаме 7,3 повисока вработеност. Јас не гледам отпуштање во иднина. Позитивните резултати ги презентираме, зошто јавноста треба да ги знае, но и негативните. Немам информација дека платите ќе се спуштат на 70%. Можеби во одредени капацитети има предизвици, но генерално гледано економијата во зоните веќе на позиција 2.1 милијарди евра за одум месеци, што значи дека сме на добар пат сме да го пробиеме плафонот од 3 милијарди евра извоз годишно, што ќе биде апсолутен рекорд наназад 15 години. - вели Деспотовски.

0 Коментари

Остави коментари