Деспотовски за СТУДИО 10: За да го добиеме Филмскиот град на Малкович бараа од нас локации за станбена градба во центарот на Скопје

Претставници на компанијата на Џон Малкович дојдоа кај нас за правење филмски град, вели Деспотовски. Но, тој проект се состоеше од повеќе сегменти а само дел беше филмски град. Во проектот имаше и резиденцијален дел што е нешто што насс не не интересира оти тој сегмент е развиен во нашата земја.

Се согласивме веднаш да се започне со филмскиот град, но претставниците на компанијата инсистираа прво да се реализира резиденцијалната градба па потоа филмскиот град. Нам тоа ни беше сомнително оти не носи приход за државата. Едноставно, студијата не им беа приоритет, вели Деспотовски.

-Тешко дека се исплатува некому да му се даде убаво парче во центарот на градот за да се отвори филмско студио кое би било патемен бизнис, вели тој и додава легитимно е тие да побараат, но и ние да ги одбиеме.