Дескоска: Законот за ЈО ќе се носи, со или без ВМРО-ДПМНЕ
Foto

Дескоска: Законот за ЈО ќе се носи, со или без ВМРО-ДПМНЕ

Законот за ЈО ќе го донесеме со или без ВМРО-ДПМНЕ, кога ќе обезбедиме 80 пратеници, односно двотретинско мнозинство. Овој закон е многу важен и нема да дозволиме да не биде однесен поради нечии опструкции. Ова денеска во Дневникот во 17 часот го изјави министерката за правда Рената Дескоска.

Таа истакна дека Мицкоски денеска на прес конференцијата практично кажал дека главен проблем за ВМРО-ДПМНЕ е членот за продолжувањето на предметите на СЈО.

Но, овие предмети се веќе трансферирани во ЈО и немаме намера да се враќаме назад. Предметите на СЈО ќе продолжат, а можеме да разговараме за евентуални форми што ова би го дорегулирале.

Таа рече дека не е против ревизија на предметите од СЈО доколку тоа е услов да продолжат разговорите за донесувањето на законот.

Таа е децидна дека во Предлог – законот нема мешање на политичките партии во изборот на обвинители.

-Мојот личен став е дека не е добро политички партии да предлагаат обвинители. Сметам дека судството и обвинителството треба да бидат тргнати од рацете на политиката. Се додека немаме ефикасност во завршување на овие судски постапки, навистина е ризична операција вие да му дадете некому дополнителна можност да ги стопира, забавува или затвора овие случаи без вистинска правна разрешница, потенцираше Дескоска.

Во однос на гласањето на Законот за Јавното обвинителство, министерката смета дека Законот за Јавното обвинителство би се донел со осумдесет пратеници, без оглед дали во нив влегува ВМРО – ДПМНЕ или не, но дека би било добро да гласаат и тие поради општествениот консензус за борбата против корупцијата.

Во однос на „Индексот на перцепцијата на корупцијата“, министерката Дескоска истакна дека е очекувано тој да падне кога излегува коруптивен скандал во којшто е врзан човекот кој бил симбол дека ќе ја врати правдата во државата.

-Кога имате сомневање за криминал и корупција, јасно е дека ќе има разочарување кај граѓаните и дека перцепцијата ќе падне – природно се очекува од таква ситуација, рече Дескоска.

0 Коментари

Остави коментари