Дескоска: Уставниот суд мора да е заштитник на Уставот, а не да предизвикува земјотреси
Foto

Дескоска: Уставниот суд мора да е заштитник на Уставот, а не да предизвикува земјотреси

Остварување на независно судство, во атмосфера на остварување на независност и на другите правосудни институции, ја наметнува потребата од независен Уставен суд, а во насока на реформи кои се поврзани со Поглавјето 23. Потребата од реформи на Уставниот суд, поврзани со Поглавјето 23, денеска, беше предмет на дебата на која свое учество имаа бројни експерти од правната фела. Она што може да се подведе како единствен заклучок е тоа дека Уставниот суд на Македонија треба да преземе одредени чекори кои се во насока на проширување на правата и надлежностите и тоа во делот на заштита на правата и слободите на граѓаните.

 

Министерката за правда Рената Десковска потсети дека Македонија има повеќе децениско искуство со Уставниот суд и дека постоеле неколку обиди, но никогаш немало вистински ободи за реформи. Министерката потсети дека Уставниот суд на Република Македонија, во 2016. година, донесе две, дијаметрално спротставени одлуки за исто политичко прашање. Десковска рече дека Уставниот суд често пати ја имал маската на политички, наместо на неутрален орган којшто единствено ќе го интересира заштитата на Уставот и на човековите права во сферата во којашто им е дадена како право.

 

Професорката Гордана Силјановска-Давкова се осврна на категоријата уставна тужба, со објаснување дека таа треба да биде проширена во делот на правата и слободите. Силјановска-Давкова цени дека функцијата судија на Уставен суд треба да претставува врв на една правничка кариера, а не место кое се заслужува по добро завршена политичка работа.

 

 

Новоименувата директорка на Академијата за судии и јавни обвинители и поранешна судијка на Уставниот суд на Република Македонија рече дека нашата држава, во однос на поранешните југословенски републики, има најредуцирана уставна тужба и дека секој суд, освен што треба да е ефикасен, треба да биде и ефективен.

 

0 Коментари

Остави коментари