ДЕСКОСКА СО МЕТЛА ЗА СУДИИТЕ, РУСКОВСКА НАЈАВУВА УШТЕ ЕДНО ОБВИНЕНИЕ ЗА “РЕКЕТ”
Foto

ДЕСКОСКА СО МЕТЛА ЗА СУДИИТЕ, РУСКОВСКА НАЈАВУВА УШТЕ ЕДНО ОБВИНЕНИЕ ЗА “РЕКЕТ”

Пред да почнат со чистење обвинители и судии кај скопските судови Министерката Дескоска која често зборува за ветингот во судскиот систем на претседателот на судскиот Совет Киро Здравев му подари ‚златна метла‘ за која кажа дека не е многу амортизирана, Здравев пак веднаш метлата ја предаде на претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев. Министерката Дескоска како и премиерот Зоран Заев, најавуваат дека ветинг во судството ќе се спроведе по завршување на предвремените парламентарни избори, кои се закажани за 12 април. Обвинителката Вилма Русковска пак вели дека е при крај втора истрага за случајот „Рекет“ и затоа очекува на почетокот на јануари да биде подигнато обвинение.

0 Коментари

Остави коментари