Дескоска: Мора да има прочистување на судството и обвинителството

Мора да има прочистување на судството и обвинителството – чесните судии и обвинители не треба да се плашат од злоупотреби при спроведување на процесот, вели министерка за правда.

Се бара ветинг и за политичари – Десоска дава поддршка за прочистување и на политичката сцена. За да се донесе поголем квалитет – корумпираните политичари и државни функционери, поврзани со мафијашки или други кругови мора да си заминат од сцената.

Од ДУИ децидни – станува збор за неопходен процес. Првиот човек на Демократската унија за интеграција вели потребена ни е проверка во сите институции. Ахмети вели за ветингот се дискутира со сите политички партии - сите ќе треба да бидат предмет на ветинг.

Според претседателот на судскиот совет Киро Здравев целиот процес треба да се води внимателно, да не прерасне во опструкција на правдата, поради недостатокот на судии. Претседателот на Советот на јавни обвинители, пак на властите им порача да не се брза со процесот на прочистување. Колевски вели треба добро да се размисли дали во овој момент е потребен или не ветинг на судиите и јавните обвинители.